Еве го вистинското име:

Дино не се вика Дино, а она Мерлин му е извлечено од шешир!

И популарниот пејач Дино Мерлин решил да си го смени името кое му запишано во изводот, а гласи - Един Дервишхалидовиќ.

Многу познати личности од практични или причини познати само ним си ги смениле сопствените имиња, па реагираат исклучиво на својата "уметничка верзија". Така, и популарниот пејач Дино Мерлин решил да си го смени името кое му запишано во изводот, а гласи - Един Дервишхалидовиќ. Пејачот своето уметничко име, поточно презиме, го присвоил од бендот со кој настапувал.

"Прво се викавме Лорд, но мене тоа воопшто не ми се допаѓаше и потоа рековме, ајде, ќе ги ставиме сите предлози во еден шешир кој ни се најде при рака случајно и што се извлече тоа ќе ни биде име. Измешавме и го извлековме Мерлин, сите се согласивме и ете. Така, групата Мерлин постоеше некои пет-шест години. А бидејќи мене како лидер на групата секогаш ме викаа Дино Мерлин, подоцна кога почнав да правам соло кариера, ете, остана да си бидам Дино Мерлин", раскажал пејачот.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари