ВЕЌЕ НЕ ЈА КРИЈАТ РОМАНСАТА

Дарко "Големиот брат" во љубовна врска со кумашинката на Заев!

Дарко Спејко има нова љубов, и тоа не која било, туку кумашинката на Зоран Заев - Љупка!

Дарко Спејко има нова љубов, и тоа не која било, туку кумашинката на Зоран Заев - Љупка!

Победникот во реалното шоу "Големиот брат" и струмичанката Љупка Митрова, на која сведок на првата венчавка и бил токму премиерот на Република Македонија, веќе еден месец се во врска, а дека им цветаат рози во односот потврдува и самиот Дарко кој вели дека неговата тазе избраничка е прекрасна жена која поседува многу квалитети.

Со Љупка заедно сме околу еден месец, се дружиме, излегуваме. Не е точно тоа дека јас сум ја развел, кога ја запознав таа веќе беше слободна жена", откри кумановецот.

Инаку, она што ги споило е љубовта кон блогерството со оглед на тоа што и двајцата водат модни блогови, а Љупка е и една од највлијателните Македонки на Инстаграм која има околу сто илјади следбеници, а е мајка и на две прекрасни ќерки.

И додека Дарко ужива со новата избраничка, на неколку илјади километри од кај нас, во љубовта ужива и неговата бивша Тина Шегатин, која, исто така, беше станарка во куќата на "Големиот брат" и која пред една недела доби и веренички прстен од дечко и, а меѓу првите кои и честитале бил и Дарко.

Човечки е да и честитам, секако, дека и пишав и и посакав се најдобро", рече Спејко кој наскоро ќе промовира нова песна на која работи во моментов заедно со Тајзи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари