Оди познај го

Даниел Крег со ваков изглед сигурно не би ја добил улогата на Џејмс Бонд!

На Даниел Крег од оваа фотографија сигурно повеќе би му прилегала улогата на некој вампир, отколку на познатиот таен агент.

Без оглед на тоа што рече дека "попрво би си ги исекол вените отколку повторно да го глуми Џејмс Бонд", неодамна е потврдено дека Даниел Крег по јубилеен 5. пат ќе го гледаме во улогата на најславниот таен агент.

Компаниите кои стојат зад франшизата Џејмс Бонд објавија дека новиот филм на филмското платно ќе се појави на 8 ноември 2019 година. 

Многу обожаватели на агентот 007 мислат дека Крег е најдобар во оваа улога и дека неговиот изглед му одговара на Бонд, но со гаранција нема да бидат воодушевени откако ќе ја видат оваа фотка на Даниел. 

Не веруваме баш дека ќе "се вљубат" во долгата коса.

Поврзани

Најнови вести

Коментари