ДРАГАН ДАУТОВСКИ СО НОВ ПРОЕКТ:

Човекот треба да е во хармонија сам со себе за да ужива во животот!

Во организација на СОКОМ, а во рамките на годинешното издание на традиционалната куктурна манифестација "Денови на македонската музика", познатиот музичар и професор Драган Даутовски на 27 март во Македонската опера и балет со голем концерт ќе го престави својот најнов проект наречен "Апокалиптикум".

'Апокалиптикум' всушност претставува звучно патешествие до суштината на она што го нарекуваме музика. До нејзината божествена и животворна енергија која го следи еволутивниот развој на човештвото од самиот почеток на неговото прараѓање и ќе го следи до самиот залез на неговиот опстанок. "Апокалиптикум" ја носи пораката: Човекот треба најпрвин да е во хармонија со самиот себе, со припадниците на својот род и се што го слави животот, за потоа преку дадената можност (живот) да ужива во божествената хармонија на просторот - вселената", вели Даутовски за својот најнов проект.

Билетите за настанот по цена од 400 денари можат да се набават на билетарницата на МОБ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари