Според една босанска пророчица

Чола се разведува! Му следува драма!

На Здравко Чолиќ кој пред 16 години стапи во брак со Александра и со неа ги доби ќерките Уна и Лара му претстои развод, предвидува босанската пророчица, извесна Азира Муратовиќ. Таа, наводно, му гледала во лажици и предвидела дека на Чола ќе му се распадне бракот.

"Ќе му се случат некои нагли и неочекувани промени, и тоа заради судбината", рекла таа. Според неа, втората, четвртата и седмата лажица укажувале на проблеми во бракот, а шестата дури и на развод!

"Тој е непредвидлив, независен и тврдоглав и никој не може да влијае на него нешто да смени додека тој самиот не го почувствува тоа или не сфати дека нешто треба да смени. Чолиќ засега е мирен, сигурен и тоа му дава сила, но ова што му го спремила судбината прилично ќе го разниша!" - раскажала Азира за босанските медиуми.

Поврзани

Најнови вести

Коментари