ДОЛГО ЧУВАНАТА ТАЈНА НА ВИДЕЛИНА

Чола решил да зборува за својот хендикеп!

Колку човек е постар тоа му недостасува се повеќе, да запознава нови луѓе, да прочита што е можно повеќе книги, открил Чола

"Постојано се чувствувам хендикепиран затоа што мислам дека не сум прочитал доволно книги во животот. Имам желба да заминам на пуст остров каде ќе има библиотека и каде ќе можам да ги прочитам сите книги. Можат да бидат духовни, но и новели", вели легендарниот Здравко Чолиќ, кој неодамна го прослави 66 роденден. Чола уште открил и дека тоа што сака да прочита што е можно повеќе книги засега му е единствената неостварена желба.

"Животот не се состои од успеси и заработени пари, туку од убави средби, убаво поминати емотивни моменти. Колку човек е постар тоа му недостасува се повеќе, да запознава нови луѓе, да прочита што е можно повеќе книги", додал Чола, кој важи за еден од ретките музичари кој не сака да си го експонира семејството и го чува подалеку од медиумите.

"Немам против ако не фатат некаде да не фотографираат, но да се местиме за тоа баш не сум. Инаку, и Уна Sвездана и Лара имаат талент за музика, но не би требало да се бават со оваа работа. Убаво е да се музички присутни, но само тоа", завршува Чола.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари