По трет пат

Четкар кани на џез и вино!

Оваа сабота (19 август) ќе се одржи веќе традиционалната, трета по ред музичка дружба со Владимир Четкар насловена "Џез и вино". 

Настанот како и изминатите години ќе се одржи покрај базенот на терасата на хотелот Филип, а освен во авторската музика на Четкар публиката ќе има можност да ужива и во извонредните македонски вина.

Вратите за концертниот настан ќе бидат отворени од 20, а концертот почне во 21 часот. Влезниците за за вечерта исполнета со џез и вино чинат 300 денари.

Најнови вести

Коментари