Четири начини за да го истакнете вашето деколте, а петтиот е само за најсмелите

Градите можете да ги истакнете на оној едноставен начин со длабок деколтиран пресек на фустанот. Но, тоа можете да го направите и на други интересни начини со кој вашиот атрибут ќе го ставите во преден план. Овие девојки ви нудат интересни предлози за како тоа да го направите.

Манакенката Хејли Балдвин, која според магазинот "Maxim" е најубавата девојка на светот, градите ги нагласила во една спортска комбинација. Нејзината облека не е ни малку провокативна, но со еден потег својот стајлинг го претворила во заводлив спој.

Нејзината пријателка и манакенка, Бела Хадид ги истакна своите атрибути во многу интересна и имагинативна комбинација. Нормално, горниот дел се носи без градник.

Сестрата на Бела, Џиџи Хадид исто така се занимава со манакенство која уште во 2015 година го прикажува нејзиниот сексапил на помалку вулгарен начин. По улиците на Лос Анџелес се појавила во комбинација која е совршена за оние прилики кога сакаме да изгледаме шик и заводливо.

Се повеќе популарната Бела претстави уште еден интересен моден предлог. Со вистински париски шик изглед се појавила во познатиот "Музеј на модата".

Емили Ратајковски е главната ѕвезда на деколтињата, таа го прави тоа доста добро, но нејзиниот начин е за најсмелите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари