ПЕЈАЧИ- МИЛИОНЕРИ

Цеца тежи 80 милиони долари, Драгана Мирковиќ - 30, а нашиве?!

Иако познатите личности избегнуваат јавно да зборуваат за тоа кој колку заработува од настапите и концертите, на еден познат српски портал деновиве се објавија податоци кои укажуваат на тоа кој колку тежи во "долари'.

Иако познатите личности избегнуваат јавно да зборуваат за тоа кој колку заработува од настапите и концертите, на еден познат српски портал деновиве се објавија податоци кои укажуваат на тоа кој колку тежи во "долари'.

На врвот на листата се наоѓа Цеца Ражнатовиќ, која, наводно, на сметка има неверојатни 80 милиони долари што ги заработила благодарение на своите концерти, а веднаш зад неа е Драгана Мирковиќ со 30 милиони долари. Со нешто поскромна заработувачка се нивните колеги Аца Лукас, Лепа Брена, Шабан Шаулиќ...

А со многу, многу поскромни (да не речеме смешни заработувачки, се разбира, во споредба со споменативе се) нашите домашни "пејачишта", кои можат да се пофалат со спонзорски договори и облека на компензација. Концерт за повеќето домашни ликови е мислена именка, па затоа ако се направи пресметка врз база на нивните настапи низ дискотеки и клубови, едвај достигнуваат до неколку стотина евра на месечно ниво.

Со редовни ангажмани можат да се пофалат неколкумина - меѓу припадничките на понежниот пол лидерки се фолкерките Елена Велевска и Сања Гроздановска - Сани, кои пеат од вторник до недела, а кај мажите добро се држи само Драган Темелковски - Џони! И така...

Аца Лукас

Иако не постојат точни податоци колку Аца Лукас има заработено за сите овие години кариера, наводно фолкерот од почеткот на 2017 година па досега има спечалено околу милион долари.

Лепа Брена

Една од најпознатите пејачки на овие простори, Лепа Брена, тежи неверојатни 16 милиони долари.

Шабан Шаулиќ

Како што се наведува на порталот "Celebrity Net Wort"  Шаулиќ досега има заработено 20 милиони долари, а во својата долга и успешна кариера, кралот на народната музика има објавено 30 албуми.

Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ тежи 30 милиони долари. Моментално е дел од жирито во музичкото шоу "Пинкови ѕвездиЌ, а има и своја сопствена телевизија, замок, бизниси...

Цеца Ражнатовиќ

Најголемата српска ѕвезда - Цеца од концерти досега има заработено неверојатни 80 милиони долари. На интернетската страница, исто така, се наведува дека нејзината популарност не престанува да расте од моментот кога се појавила на сцената во 1988 година, а досега има објавено 15 студиски албуми.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари