ПРВИОТ ПАТ НА ПОЗНАТИТЕ

Цеца невиноста ја изгубила на 18 години, а Фиби од "Пријатели" чекала до 31!

Приказните за „првиот пат" на славните отсекогаш биле интересна тема, посебно ако нивните искуства се малку поневообичаени.Но, има и такви кои чекале да станат полнолетни пред да легнат со некој, а на листата дами кои чекале да созреат, па да ја осознаат магијата на сексот се вбројуваат Цеца Ражнатовиќ, Гоца Божиновска, Марија Шерифовиќ...

Марија Шерифовиќ

Пејачката во книгата "Исповед" ги откри најинтимните детали од спалната соба, како и фактот дека невиноста ја изгубила на 18 години со пријателот Маријан. Според нејзините пишувања, не почувствувала болка, но првиот оргазам го доживеала една година подоцна кога легнала со жена.

Адријана Лима

Манекенката која потекнува од патријахално семејство невиноста ја изгубила дури на 27 години, а нејзин прв сексуален партнер бил екс сопругот Марко Јариќ со кого и ден денес е во супер односи и имаат две ќерки, а до пред една недела беа заедно и на одмор во Црна Гора.

Цеца Ражнатовиќ

Фолк дивата во неколку наврати има потенцирано дека првиот секс го имала на 18 ипол години и го памети како прекрасно искуство.

Лиса Кудроу

Фиби од серијата "Пријатели" невиноста ја изгубила на 31 година и тоа со екс сопругот Мајкл Стерн.

Џесика Симпсон

И покрај тоа што важи за секс симбол, Џесика својата невиност ја чувала за сопругот Ник и му се предала на првата брачна ноќ.

Гоца Божиновска

Пејачката која на 18 години дошла да живее во Белград, на прв поглед се заљубила во Раде Вучковиќ и со него ја изгубила невиноста. Била млада и невина, а тој ја научил на се.

Поврзани

Најнови вести

Коментари