Цеца ја запозна новата девојка на Вељко: Еве што рече за младата кошаркарка

Вељко Ражнатовиќ ја доведе во Белград кошаркарката до Тител, која и остави силен впечаток на идната свекрва.

Цеца Ражнатовиќ ја запозна новата девојка на Вељко, Богдана Родиќ, дознава српски Курир.

Фолк ѕвездата е воодушевена од новата снаа, со која веднаш најде заеднички јазик.

-Вељко неодамна ја запозна мајка си со Богдана. Таа се посрами кога ја здогледа Цеца, но набрзо се опушти. Пејачката се воодушеви од нејзината непосредност. Посебно и се допаѓа што е вредна и им помага на родителите во семејната фирма. Цеца тоа исклучително го почитува затоа на Вељко му порача да внимава како се однесува, бидејќи знае дека нејзиниот наследник е голем заводник, раскажува извор.

Цеца за ова кратко порача:

-Во емотивниот живот на своите деца и нивните избори никогаш не сум се мешала, ниту тоа јавно сум го коментирала. Иако се млади, тие одлично знаат дека тука сум за да им помогнам ако има потреба од тоа. Можам да кажам дека Богдана е културна, убава и воспитана девојка која доаѓа од домаќинско семејство, што ми е исклучително драго.

Поврзани

Најнови вести

Коментари