Била во врска со Ештон Качер, а причината за нејзината и смртта на нејзиниот сопруг сè уште не се знае

Таа била една од најомилените хoливудски глумици, играла во филмови заедно со Анџелина Џоли, Дакота Фенинг, Еминем, а била во врска и со Ештон Качер. Глумцата почина на 32 години, а причината за нејзината смрт сè уште не се знае.

На денешен ден убавата Британи Марфи би наполнила 40 години. Нејзината мајка Шерон била со ирско-источноевропско потекло, а татко ѝ бил италијанец. Нејзините родители се разведиле веднаш откако се родила, а потоа Британи ретко контактирала со татко ѝ.

Од почетокот на кариерата во 1995 година до денот кога го напушти овој свет, Британи остварила триесет филмски улоги. Таа глумела рамо до рамо со Анџелина Џоли, Еминем, Дакота Фенинг и многу други.

Нејзините најпознати филмови се "Just Married", "City od Sin", "Broken Youth", "Eight Mile" и "Girls from a Hight Society".

Таа била во врска со Ештон Качер, а веста за нејзината смрт глумецот многу тешко ја прифатил.

Во 2007 година се омажила за Сајмон Моњак, а во последните три години од нивниот брак и двајцата живееле во иста куќа со мајката на Британи.

Пет месеци откако починала Британи, почина и нејзиниот сопруг Сајмон

Во еден момент Британи драстично ја намалила тежината и поради тоа почнале да кружат гласини дека се дрогира. Почина на 32 годишна возраст поради воспаление на белите дробови во комбинација со анемија и слабеење на организмот поради употреба на различни лекови. Нејзиното безживотно тело го пронашла нејзината мајка на подот во тоалетот. Пет месеци подоцна, почина и нејзиниот сопруг, осум години постариот Сајмон и тоа од истите причини.

За смртта на сопружниците се дискутира и денес бидејќи и двајцата починале на ист начин, некои се сомневаат дека станува збор за убиство, а меѓу осомничените е и мајката на Британи.

"Сметам дека полицијата треба повторно да ја испита Шерон. Мислам дека таа е виновна за смртта на сопружниците", изјавил таткото на Британи. Тој сакал да потенцира дека тестаментот на Британи бил променете од нејзината мајка и дека од него биле исклучени Сајмон и таткото Анџело. Тој побарал вештаците повторно да направат испитување.

Тестовите покажале дека во телото на глумицата и нејзиниот сопруг има голема количина на метал. "Ова досега не сум го видел, а тоа што и во двете тела има метал отвора многу прашања", рекол стручњакот кој работи на контроверзни случаеви како убиството на Џон Ф. Кенеди и смртта на Елвис Присли.

Сомнежите на таткото никогаш не биле потврдени, па и понатаму е под знак прашалник причината за смртта на глумицата и нејзиниот сопруг.

Поврзани

Најнови вести

Коментари