Има 60, а уште е фраер

Беше најубавиот пејач во бивша Југославија, се ожени со 30 години помлада, се разведе, а денес само една следи на Инстаграм

Владо Калембер (60) уште како фронтмен на групата "Сребрени крила" ја носеше титулата на еден од најпосакуваните мажи на некогашна Југославија.

Важеше за најголем заводник и со години од ден на ден ги освојуваше срцата на жените. Неполни десет години беше во брак со 30 години помладата хрватска виолончелистка Ана Руцнер, со која има син. Со Ана не е во брак од 2014 година, но таа очигледно се уште е негова голема љубов - тој од неодамна е активен на Инстаграм каде има голем број следбеници, но следи само една жена - поранешната сопруга Ана!

"Во потполно мирен и крајно пријателски разговор донесовме заедничка одлука после речиси десет години заеднички живот да продолжиме секој по својот пат", наведе Ана во соопштението објавено по разводот.

Инаку, интересно е дека Владо и после толку години се уште ја носи истата, препознатлива фризура по која многумина го паметат и неговото лице е буквално непроменето, па затоа не случајно многумина често велат дека на пејачот годините не му се непријател.

Поврзани

Најнови вести

Коментари