Белгијанците направиле пиво и го нарекле "Ненадејна смрт"!

На пивото, кое се прави како типично белгиско пиво со "спонтана ферментација", му додадваат црешни 

Белгиско национално пиво со необично име "Mort Subite"(ненадејна смрт) уврстено е во меѓународна марка и од 2021 година ќе почнат со извоз на тоа пиво кое го носи име по истоименото бриселско кафуле чиј сопственик е кум на тој популарен пијалок во Белгија.

Сајтот Фокус на Белгија (Focus on Belgium) пренел дека "Ненадејна смрт", кое се произведува во една белгиска пивара која сега е дел од холандскиот Хајнекен, неодамна добила серификат за меѓународен бренд, а првиот предизвик се предвидува кон Азија, Америка и европските земји.

На пивото, кое се прави како типично белгиско пиво со "спонтана ферментација", додадени се црешни кои се одгледуваат во Белгија и пијалокот треба да биде најмалку три месеци во буриња од храст прд конзумација.

Пијалокот, за кој може според името да се мисли дека е јако, има мал процент на алкохол и црвена боја.

Постојат и варјанти на "Ненадејна смрт" со малини и други овошја а пивото во зависност од врстата на овошјето прима поинаква боја.

Белгија е позната по пиво но и по прочуените чоколади, иако, како што наведува сајтот, се обидува да најде место на пазарот за кавијар покрај Русија,Италија и Франција, особено за време на празници кога кавијарот, како луксузен специјалитет, би можел да се најде на трпезата на граѓаните.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари