Карлеуша ја нападна Беквалац преку нашата Маријана Мариангел

Анонимуси пеат подобро од Наташа. Маријана ти отпеа подобро од неа, искина!

Јелена Карлеуша повторно ја поткачи Наташа Беквалац, а овој пат во последната епизода од Sвездите на Гранд, и тоа преку нашата Маријана Мариангел. 

Имено, во првата емисија од 3 круг Маријана пред жирито и публиката ги отпеа песните "Најгора" од Беквалац и "Луче" од Милена Вучиќ, токму за првата песна Карлеуша и рече дека била подобра од оригиналот.

"Маријана ти песната на Наташа Беквалац ја отпеа топ! Подобро од Наташа да не се лажеме. Искина, баш баш добро. Многу ми се допадна тоа, ти си вистинска мала бомбица", рече Карлеуша.

Зошто толкава нетрпеливост меѓу двете пејачки не е познато, како ниту тоа дали е вистина дека се почнало заради настапот на геј-парадата во Белград.

Поврзани

Најнови вести

Коментари