ГИ ПОКАЖА ВО МИЛАНО

Андријана Јаневска има нозе од кои боли глава!

Андријана Јаневска деновиве ужива во убавините на Милано, а друштво и прави и сопругот Гино со кого е во брак долги години.

Андријана Јаневска деновиве ужива во убавините на Милано, а друштво и прави и сопругот Гино со кого е во брак долги години. Парот секој интересен момент од патувањето го овековечува и со фотки кои задолжително се објавуваат на социјалните мрежи, па така имавме можност да видиме дека биле на концерт на "Радиохеад", но ги посетиле и знаменитостите по кои е познат овој италијански град, а биле и на шопинг.

Сепак, фотографијата која привлече најмногу внимание е онаа на која пејачката позира покрај катедралата Дуомо, а во преден план се нејзините долги нозе на кои можат да и позавидуваат сите.
И покрај тоа што има родено две деца, Андријана изгледа подобро од кога било, а заслужна за тоа е генетиката, но и брзиот и динамичен начин на живот кој го води во последниве неколку години.

Со оглед на тоа што и двете бремености ми беа супер, бев хиперактивна. Постојано бев во движење, работев, јас сум човек кој не може да седи на едно место, затоа и мислам дека добро избалансирав со тежината", вели Јаневска која моментално е актуелна со дуетската "Children of the Cosmos" која ја сними со Апостолос Стефанопулос. Музиката, виолината, пијаното и придружните вокали се на самата Андријана, додека текстот го потпишува грчкиот колега.

Поврзани

Најнови вести

Коментари