НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ОХРИД КОЛИНГ 2017

Афроџек сцената ќе ја дели со Равитез!

Деталите за претстојниот Охрид колинг, закажан на 1 август на стадионот „Билјанини извори" во Охрид, се дефинирани, а публиката во рамките на првиот фестивалски ден освен Афроџек на сцената ќе го види и диџеј Равитез.

Станува збор за млад диџеј од Холандија, чија кариера започнува пред 7 години. Неговата работа и страст кон музиката првично ја забележува тимот на Ники Ромеро од Протокол Рекордингс, а потоа и Афроџек, кој го зема во својот тим, давајќи му привилегија да ја дели сцената со некои од најголемите имиња на светската електронска сцена и со него е придружуван на турнеите по светот и фестивалите како: Ultra Music Festival (Мајами), Tomorrowland (Белгија), EDC (Лас Вегас), Untold Festival (Романија) и многу други.

Билетите за Охрид колинг ќе бидат пуштени во продажба од понеделник преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн, и тоа по цени од 1 000 денари за партерот, 1 500 за фан питот, ВИП влезниците ќе чинат 1 500, а оние во ултра ВИП делот 2 000 денари. Од Авалон продукција откриваат дека во продажба ќе бидат пуштени и блок влезници за двата фестивалски дена и тоа по цена од 1 500 денари за партерот и 2 000 денари за фан питот.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари