ВО НОВОТО ВИДЕО

2Cellos - гладијатори!

По повод објавувањето на својот нов албум „Score", каде што се сместени одлични преработки на филмски и телевизиски теми, хрватското дуо „Ту челос" екранизираше уште една тема од ова издание.

По повод објавувањето на својот нов албум „Score", каде што се сместени одлични преработки на филмски и телевизиски теми, хрватското дуо „Ту челос" екранизираше уште една тема од ова издание.

Станува збор за темата насловена „Now We Are Free" од филмот „Гладијатор", потпишана од славниот филмски композитор Ханс Цимер.

Под режисерската палка на Александар Керекес, видеото се снимаше во националниот парк „Дурмитор" во Црна Гора и во арената во Пула (Хрватска), која е единствениот „преживеан" римски амфитеатар. После „Game of Thrones" и „Moon River", „Now We Are Free" е трета екранизација од новиот албум на „Ту челос". 

Најнови вести

Коментари