Во училишен двор откриени се 50 гробови на ученици кои умреле од злоставување

Во училишен двор во Флорида откриени се гробови на 32 ученици за кои се претпоставува дека умреле од злоставување. Покрај нив, имало и уште 50 ученици за кои се смета дека се исчезнати. Околку 50 необежежани гробови биле откриени во училишниот двор во училиштето за момчиња во Флорида. Се претпоставува дека гробовите можат да помогнат во решавањето на мистеријата за исчезнатите тела на поранешните ученици, пишува Radaronline.
-Ова се деца кои се школувале во училиштето, но кои умреле од засега непознати причини, а нивните тела биле "едноставно игубени во шумата", изјавил др. Ерин Кимерле, антрополог од Универзитетот во Јужна Флорида, при тоа додавајќи дека моментално се води истрага за да се дознае што точно им се случило на момчињата. Неговиот тим, благодарение на специјален радар успеал да открие 18 тела и 49 гробови во дворот на училиштето.

Во училиштето со години се шпекулира за шокантните злоставувања, вклучувајќи ги и силувањата и бруталното претепување на момчињата. Најчесто, ваквото злоставување се случувало кога момчињата ќе бидат испратени во т.н Бела куќа која се наоѓала во дворот на училиштето. Во текот на истрагата во 2009 година, поренешни студенти тврделе дека голем број од исчезнатите починале како последица на постојаното злоставување, но овој податок не помогнал во решавањето на мистеријата за тоа каде се наоѓаат телата.
Овел Смит Крел изјавила дека откако нејзиниот брат во 1940 година побегнал од дома и го украл автомобилот отишол во училиштето за момчиња во Флорида. Оттогаш никој не знае каде е ниту пак дали е жив.
Таа се обидела да ја дознае неговата локација од неговите поранешни соученици но тие и откриле дека откако бил пратен во т.н Бела куќа никој не го видел. Од училиштето пак и кажале дека тој починал од хипотермија и дека е погребан во дворот на училиштето.

Најнови вести

Коментари