Сите сме луѓе: Полицајка го надои бебето на затвореничка

Кинеска полицајка стана хит на интернет, откако во „Интермидиет пиплс корт",вториот најголем затвор во земјата, го надои бебето на осомничена затвореничка

Хао Лина, која и самата е мајка, вели дека бебето и било оставено нејзе и на колегите пред осомничената да ја однесат на судење.

- Бебето не престануваше да плаче, сите се загриживме. Неодамна и јас станав мајка, па можам да претпоставам како се чувствувала таа жена. Во моментот мислев само на тоа да дадам се од себе и да го заштитам малото бебе, изјави полицајката.

Откако добила дозвола од мајката на детето, Хао нашла мирно катче во зградата и го нахранила новороденчето. Снимки од тоа беа објавени на интернет, па така оваа чуварка на редот стана уште поголема хероина во очите на Кинезите.

Поврзани

Најнови вести