Ова е се 100-те години на американските автомобили

Американците со децении ги правеле најдобрите автомобили во светот, уште од почетокот на минатиот век, водејќи трка со Германија и Франција а особено по Втората светска воја кога Европа е разурната а Јапонија и повеќе од тоа.

Колку и да е изненадување, првиот автомобил во светот е создаден - во Кина! Фердинанд Вербаист, член на христијанската мисија на езуитите во Кина во 1672 година го создал првиот автомобил на парен погон, како подарок за семејството на тогашниот кинески цар.

Но, автобилот за секојдневна употреба достапен за секого почнува да се прави дури од почетокот на 20-тиот век, пред се во Франција, Белгија, Германија и Швајцарија... а потоа во САД се појавува Хенри Форд кој, заедно со германскиот Фолксваген навистина го прави автомобилот достапен за сите откако се произведува сериски, и со цена која средната класа може да ја плати.

Од Форд па натаму почнува историјата на денес познатите автомобили во Америка. Еве кус видео преглед на американските автомобили последниве 100 години

Најнови вести