Каталонија прогласи независност од Шпанија

Каталонскиот парламент прогласи независност на регионот од Шпанија. Пред зградата на Парламентот голем број приврзаници на независноста слават поради одлуката на народните избраници, 70 пратеници гласаа "за", 10 против и два неважечки гласа.

Малку потоа се состана и огласи шпанскиот сенат прогласи активирање на членот 155 од Уставот со кој се суспендира автономијата на Каталонија, се распушта каталонската влада а сите институции во Каталонија вклучително и полицијата паѓаат под власт на премиерот на Шпанија Рахој.

За оваа одлика на сенатот гласале 214, против биле 47 сенатори а еден бил воздржан. Се оглси и Европската унија, за Брисел единствена власт е онаа во Мадрид, а претседателот на европскиот совет Доналд Туск изјави дека треба да избегнат дополнителни тензии или насилства.

.

Најнови вести