Клучот е во златото, кога тоа масовно ќе се пушти на пазарот...

Зошто не може да се одбегне Третата светска војна?

Според американските финансиски експерти и Третата светска војна, како и првите две, ќе почне поради парите, пореметениот баланс на богатсва и моќ кои се воспоставени последниве 50-60 години и кога оние што ги владееле парите и моќта не се согласуваат во мир да го загубат стекнатото.

Еве ги нивните анализи. Најпрвин да разјасниме неколку работи: за да се случи ваквото сценарио, во светот мора да се појави неверојатно големо количество злато, и закон кој ќе обврзува, закон од кој нема да може да се избега. Ова значи дека банкарите кои го држат светот во свои раце, во моментот кога ќе се појави златото во количества кои се поголеми од сега во однос на она што го има на пазарот на златото - ќе останат без пари, т.е ќе "владеат" со безвредни хартии од вредност.

Исто така, не треба да заборавиме дека во последниве години Русија и Кина создадоа досега невидени залихи на злато во своите државни трезори, и ова злато еден ден ќе се пушти на пазарот од страна на тие државни банки. Сето тоа води до само еден заклучок - доларот ќе ја изгуби својата моќ, а Банката на федерални резерви (ФЕД) на САД повеќе не ќе може да печати ништо. Тоа би значело дека богатството (она што е изразено во долари) на државите нема да постои.

Според Карен Хадис, експерт во Светска банка, наместо сегашната Федерална банка на САД налог за печатење долари ќе издава посебен државен трезор, и тоа со поинаква камата од она што сега се гледа на пазарот на пари. Со други зборови, наплатата на камата нема да се толерира во ниту една држава чиј фонд долари е пуштен во промет, а ова е закана за внатрешната стабилност на САД.

Хадис изјави и дека при масовен пласман на злато на светскиот пазар паричните Федерални реверви на САД ќе доживеат колапс, а кога тоа ќе се случи нема да постои нешто што ќе може да се направи за да се спаси финансискиот земјотрес од светски, глобални размери.

Според Керен Хадис американскиот долар ќе доживее колапс, и ќе биде заменет со нова валута, која ќе зависи од златото и ќе биде директно поврзана со поседувањето злато: колку е покриена со златни резерви, толку ќе се печати и располага.

Хадис всушност е адвокатка кој со години работеле за Светска банка, а потоа повторно е именувана на истата функција.

Таа во интервју за Russia Today изјавила дека постојат околу 170.500 тони филипинско и друго злато кои се чуваат во хавајските банки, како 120.500 тони во Хонг Конг, 150.000 тони во Сингапур. Според неа постојат и околу 100.000 тони во останатите американски банки.

Некогашниот претседател на Филипини до1986 година Ферднинанд Маркос во шеесеттите години го ставил ова злато во сигурносен фонд на 50 години.

Ова богатство ќе влијае врз статусот на ограничување, со кое доколку некој тврди дека одредено нешто е во негова сопственост, а не успее да го докаже тоа во рок од 50 години, тогаш го губи правото на сопственост.

Целта на ова правило била, пред се, сите спорни или заробени средства во фондот за човештвото во период од 50 години да станат достапни на човештвото, и тоа без право на приговори. Тој временски рок заврши во 2005 година.

Овластен потписник на фондот е Волфганг Страк.

- Имајќи во обзир дека хартиите од вредност се во несигурна ситуација, златото од фондот ќе мора да се искористи за доброто на човештвото пред да дојде до колапсот на валутите, изјавила Хадс.

Заклучок: Пред да продолжиме понатаму, да го разјасниме она кое досега го прочитавте. Впрочем, практично во светот мора да се појави неверојатно голема количина на злато на пазарот но, и закон кој обврзува на истото и од кој ќе не може да се избега. Тоа би значело дека сите банкари кои го држат светот во моментот кога ќе се појави златото ќе останат со празни раце и тоа поради фактот дека во џебовите ќе имаат безвредни хартиени валути. Сето тоа води до само еден заклучок - доларот ќе ја изгуби својата моќ, а Банката на федерални резерви повеќе не ќе може да печати ништо. Тоа би значело дека богатството (во долари) на државите нема да постои.

Мислите ли дека ваквото сценарио ќе го дозволат банкарите и владетелите без Трета светска војна?

Според зборовите на Хадис, банките ги купуваат медиумите, што би значело проток на информациите надвор од алтернативните медиуми. Кога би ги тргнале на страна алтернативните вести, тогаш луѓето би користеле само социјални мрежи, како Твитер и Фејсбук се со цел да ја рашират информацијата и тука големите банки и финансиски центри немаат контрола каква што ја имаат врз медиумите.

"Моќта е во ваши раце да ја раширите вистината" би била библиската изрека доколку во време на нејзиноти пишување постоеле социјалните мрежи.

И покрај тоа што е повторно назначена на функција, Хадис признала дека не може да влезе во просториите на Светската банка.

- Банкарскиот картел ангажира компанија за безбедност која одбива да ме пушти внатре. Сепак на 10 октомври 2015 година успеав да влезам во просториите на Светска Банка и тоа поради средбата која ја имав со делегациите од Швајцарија, Русија и Германија на која дискутиравме за тоа како да ги принудиме банките да ги почитуваат законите на банкарството, изјавила таа.

Локалната власт и граѓаните на САД, неодамна сфатија дека банкарскиот картел прави напори за "одземање на државата", односно надворешна нивна власт врз државните органи земена од рацете на легално избраните влади. Според Хадис, во последно време се поголем е бројот на корумпирани државни службеници кои наместо да ја вршат својата јавна должност, тие му служат на банкарскиот картел.

Кога Фердинанд Маркос го ставил златото на чување во Глобалната институција за долгови, ангажирал институција која треба да даде сигурност дека златото ќе се користи за доброто на човештвото.

Хадис пак изјави дека голем дел од ова злато се наоѓа на Филипините, но и дека истото го чува војската на САД. Волфганг Страк пак изјавил дека златото не е веќе таму, воени хеликоптери го изнесувале златото од Филипините по што Хадис поднела тужба тврдејќи дека златото е осигурано од страна на осигурителните компании (Ljoyd's of London i Lincoln Insurance Company).

- Златото кое е украдено ќе се врати и оној кој го наредил транспортот на истото ќе одговара пред законот, изјавила Хадис. Кои се предизвиците? Хадис изјавила дека постојат неколку главни предизвици кои мора да се надминат пред издавањето на нова валута и опсаноста тоа злато, заедно су дел од руските и кинески резерви да се појави на пазарот и да предизвика Трета светска војна.

1. Брза замена на валутата

Банките кои ги поткупиле и ги контролираат главните глоблни и големите национални медиуми и погрешно ги информираат луѓето во вакви ситуации ќе ги уништат федералните резерви и нема да постои ништо што ќе може да се направи за да се реши ситуацијата.

- Доколку се случи колапс на валутата, тогаш нема да може да се блокираат главните безбедносни мехнизми, нема можност да се исплати војската и полицијата, изјавила Хадис.

2. Нова валута

Според зборовите на Хадис, вредноста на новата валута ќе биде еднаква со вредноста на златото. А цената на златото ќе се пресметува на основа на историски потрошувачката кошница и услуга.

- Она кое јас го предлагам е краткорочна транзиција која ќе трае додека не се елиминираат сите облици на пари, бидејќи се додека постојат парите какви што ги знаеме денес и употребуваме со векови ние ќе бидеме финансиски робови на пореметениот финансиски систем и нивните интереси кои се најголем генератор за нова глобална војна, заклучува таа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари