Зимбабве на чекор до одлука за разрешување на Мугабе

Илјадници жители на Зимбабве ги преплавија улиците, виорејќи државни знамиња, пеејќи и играјќи, прославувајќи го падот на Мугабе.

Владејачката партија во Зимбабве соопшти дека утре изутрина ќе се одржи состанок на централниот комитет на кој се очекува да биде разрешен 93-годишниот претседател Роберт Мугабе.

Војската во Зимбабве денеска спречи неколку илјади луѓе да влезат во претседателската палата во Хараре, откако расте притисокот за негово заминување од власт. Со демонстрациите против Мугабе, поддржани од војската, се заокружува еднонеделната политичка криза во Зимбабве, каде војската ја презема контролата во земјата, а претседателот кој е на власт од 1980 година, заврши во куќен притвор.

Илјадници жители на Зимбабве ги преплавија улиците, виорејќи државни знамиња, пеејќи и играјќи, прославувајќи го падот на Мугабе.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари