Мистерија

Западни дипломати на Куба се жалат на необични здравствени проблеми

Канадското Министерство за надворешни работи соопшти дека е отворена истрага, откако „најмалку еден од дипломатите" во дипломатското претставништво на Канада во Хавана се лекува од „тешка главоболка и губење на слухот"

Канадското Министерство за надворешни работи соопшти дека е отворена истрага, откако „најмалку еден од дипломатите" во дипломатското претставништво на Канада во Хавана се лекува од „тешка главоболка и губење на слухот".

Соопштението на канадското Министерство, доаѓа само еден ден по изјавата на Стејт департментот со која беше потврдено дека „неколкумина американаки дипломати и нивни сопруги" се соочуваат со „необични здравствени проблеми".

Подоцна беше откриено дека сите тие „наеднаш имале проблеми со слухот".

Американски експерти сметаат дека заболените биле изложени на скриена звучна опрема која предизвикува губење на слухот.

Според нивно објаснување, станува збор за тајно емитирање на нечујни звучни бранови од кои настанува глувост.

Официјална Хавана ги отфрли обвинувањата дека Куба е одговорна за ваквите случувања меѓу странските дипломати, но САД сепак одлучија да протераат од Вашингтон двајца кубански дипломати.

Во соопштението на канадското Министертсво се открива дека Отава тесно соработува со американскиот Стејт департмент, како и со кубанските власти за да дозна што точно се случува.

- Ние сме запознати дека канадски и американаки дипломати и членови на нивните семејства се соочуваат со необични здравствени проблеми кои наеднаш се појавија и кои имаат чудни симптоми, изјави претставник на Министерството за надворешни работи на Канада.

Со истрагата што е покрената во Отава и во Вашингтон се настојува да се утврди и кој стои зад овие настани во Хавана - Куба или некоја трета земја

Поврзани

Најнови вести

Коментари