Захарова: Одлуката на САД да се повлечат од Унеско е за жалење

Одлуката на американското раководство да се повлечат од Унеско, ја влошува ситуацијата за таа организација и е за жалење, нагласи во соопштение портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

– Таа одлука на раководството на САД е за жалење. Земјата која учествувала од почетокот на Унеско, заминува во тежок момент за организацијата и со тој потег ја влошува ситуацијата, се вели во соопштение објавено на сајтот на руското МНР.

САД од 31 декември ќе се повлечат од УНЕСКО, соопшти денеска Стејт департментoт.

- Не беше лесно да се донесе одлуката. Таа ја рефлектираше загриженоста на САД поради се поголемите неподмирени обврски во Унеско, потребата за реформирање на таа организација од темел и постојаната пристрасност во Унеско насочена против Израел, наведено е во соопштението од Стејт департментот.

Во соопштението се додава дека САД ќе настојуваат и натаму „да бидат ангажирани како земја не-членка со статус на набљудувач, со цел да придонесат со американските ставови, перспективи и експертиза".

Поврзани

Најнови вести

Коментари