Како тимот на Трамп и Викиликс се бореа против Хилари и Сорос

За подземната политика и надземните местенки во Вашингтон

Како тимот на Клинтон и Сорос од една, и тимот на Трамп и Викиликс од друга страна војуваа пред и за време изборите во САД со доверливи, но и со лажни спин информации? Непосредно пред полноќ на 20 септември 2016 година, во време на кулминација на американските претседателски избори, Викиликс испрати повеќе приватни порака до Доналд Трамп помладиот, најстариот син на првиот човек на САД Доналд Трамп, од неговата сметка на Твитер, пишува Атлантик

“Ќе биде лансиран ПAK (Политички акционен комитет - на тимот на Хилари Клинтон) со поставување пропаганден сајт putintrump.org. Тоа е рециклиран проирачки воен модел на постапување, ние ја откривме лозинката, таа е putintrump. Погледнете го описот на сајтот кој стои зад него. Дали има некој коментар за тоа? " Напиша Викиликс во Твитер порака до синот на сегашниот американски претседател, до Доналд Трамп Јуниор.

Формално, порталот за кој Викиликс го известува тимот на Трамп бил основан од Роб Глејзер, технолошка претприемач, кој бил финансиран од невладината организациај Прогрес на САД. Околу 12 часа подоцна, по прием на пораката, Доналд Трамп Јуниор му одговорил на Викиликс: “Незванично, не знам ништо за тоа но, ќе се распрашам.“

 

Пораките и комуникацијата помеѓу Викиликс и Доналд Трамп Јуниор што ги објави "Атлантик"  се  предадени од адвокатите на Доналд Трамп Јуниор до истражителите на американскиот Конгрес. Тие се дел од обемна коресподенција правена до јули годинава и која, навидум, е повеќе едностарана - Викиликс му пишува на Трамп многу повеќе отколку што тој им одговара. 

Од пораките се гледа дека Викиликс, за кого американските разузнавачи веруваат дека ги имал и ширел информациите што претходно ги добил од хакери на руската влада, му нудел и давал логистика и соработка на изборниот тим на Доналд Трамп, како и потоа, по неговото стапување на должност.

Викиликс работи на изнесување полезни информации за Трамп и дава свои предлози, излегува со серија барања и предлози до тимот на Трамп да понудат преку нив објавување документи за враќање на даноците за кои Клинтон го обвинуваше Трамп дека ги затаил, а во случај на пораз да не ги признае изборните резултати бидејќи тоа би му била добра подлога за потоа да создаде медиумска кампања против Клинтон, и на крај доколку победи да го именува Џулијан Асанж, лидерот на Викиликс, за амбасадор во САД.

Викиликс одигра клучна улога во делот на логистика во претседателската кампања на Трамп. Во јули 2016 година, на првиот ден од Демократската национална конвенција, Викиликс објави мејл преписки украдени од членовите на Демократскиот национален комитет, претходно таа година.

Една недела откако "Вашингтон пост" на 7 октомври објави изјави и податоци според кои Доналд Трамп вршел сексуално вознемирување на жените, Трамп мораше да потврди дел од податоците фалејќи се дека секогаш уживал кога им се додворува на жените. Наместо да продолжи притисокот врз Трамп на таа тема, се случи пресврт! Викиликс ги објави мејл пораките што хакерите ги украле од личниот налог на Џон Подеста, менаџерот на кампањата Хилари Клинтон. Преиската на Подеста покажа фиансиски врски и малверзации на Хилари Клинтон со богатите банкари и Вол Стрит, и тоа беше многу по вознемирувачки за јавноста од додворувањата на Доналд Трамп, и аферата за Трамп падна во втор план. Подеста, инаку, кај нас е познат по неговите тврдења и изјави дека, за него, Макеоднија е се уште ФИРОМ, објавени и во Македонија во октомври 2016 година. 

Неколку дена подоцна, на 12 октомври 2016 година, Викиликс им се заблагодари на  Трамп Јуниор за "рекламирањето" на Викиликс. “Доналд, драго ни е што твојот татко ја спомна и пофали нашата фондација Викилкс“ пишува до пораката до Трамп Јуниор откако Доналд Трамп во свој говор спомна дека ги сака и почитува Викилкс.

Викиликс го упатил Трамп Јуниор да ја следи веб страната wlsearch.tk, кој би можела многу да им помогне им помогне за полесно да се ископаат украдените документи од мејловите на Хилари Клинтон и нејзинит шеф на кампањата Подести, додавајќи дека тие наскоро ќе објават и нови документи за Џон Подести, пишува "Атлантик".

Трамп Јуниор ја примил пораката но, не одговорил, но затоа таткото Доналд Трамп по 15 минути им вратил одговор: "Многу бедно се пренесени во нечесните медиуми неверојатните информации на Викиликс". Два дена подоцна, Трамп Јуниор ја искористил примената информација и на својот Твитер налог објави линк со посечената страна wlsearch.tk.

Понатаму, во преписката која следи, Трамп Јуниор прима пораки од Викиликс и упатства за користење на објавените информации но, не одговара на пораките иако се гледа дека следи некои од нивните предлози. Викилкс бара да им биде возвратено со давање на докумнетацијата за дониците на Трамп која Викиликс би ја објавиле како своја ексклузива.

Откако беше јасно дека Трамп победил на изборите, од Викиликс испратиле кратка порака до неговиот син: "Wow".

Преписката на Трамп со Викиликс беше предадена на Конгресот за време на истрагата за мешање на Русија во претседателската кампања на САД во 2016 година, и тоа е само еден многу мал дел од илјадници докумнети кои се предадени за конгресната истрага. Американските разузнавачки служби го обвинуваат Кремљ односно Путин дека со свои акции и инфомации влијаеле на американските избори и за зголемување на шансите на Трамп да победи против Хилари Клинтон.

Иако комуникацијата помеѓу Трамп Јуниор и Викиликс воглавно се сосотои од пораки кон него, анализата на фактите и однесувањето покажале дека тој за пораките ги известувал своите соработници, и дека често пати постапувале според насоки од пораките на Викиликс. Американските разузнвачи веруваат дека Викиликс постои и се одржува со помош на Русија која им доставува тајни документи на Џулијан Асанж и неговиот тим, откако хакерите на Москва ќе дојдат до нив.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари