Војна за Јерусалим, во Витлеем се пука

Улиците на Витлеем наликуваат на бојни полиња меѓу окупационата војска на Израел и Палестинците.

Ова се случува откако американскиот претседател Доналд Трамп, најави изградба на американска амбасада во Ерусалим.

И Израел и Палестина полагаат право на Ерусалим кој со чинот на Трамп ќе стане главен град на Израел во потполност. Палестинците, религиозните и секуларните, се со став дека американскиот потег ќе предизвика потежок пристап на мировните преговори затоа што Ерусалим, односно неговиот иден статус е најважната тема за двете страни.

Одлуката на Трамп врши некој вид зацементирање на моменталната состојба која не оди во прилог на Палестина. Западниот дел на градот Израел го анектираше во 1948 година, додека источниот дел оф градот го окупираше во 1967 година.

Палестинските лидери повикаа на тридневни протести, а поголемиот дел од меѓународната заедница го осуди потегот на Вашингтон. Свикана е седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Повеќето држави од светот амбасади во Израел изградија во Тел Авив. Москва е сериозно загрижена поради одлуката на САД да го премести седиштето на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим, соопштија од руското Министерство за надворешни работи. Трамп ја отвори пандорината кутија на Блискиот Исток.

Поврзани

Најнови вести

Коментари