Има толку многу пари што нема негативни камати

Во оваа држава штом се родиш имаш 20.000 евра на сметка

После скоро пет години негативни каматни стапки, данските домаќинства се побогати од било кога, а ако се суди по податокот дека штедењето на граѓните во Данска во декември минатата година достигна рекордно ниво, известува агенцијата Блумберг.

Со вишокот пари со кои незнаат што ќе прават, Данците ги „клукаат" банките кои се преполни со штедни сметки, па така земјата која држи светски рекорд по негативни каматни стапки сега исто така има и рекордно банкарско штедење, пишува њујоршката агенција.

Данците имале импресивен раст на реални плати, рекол во телефонската изјава за Блумберг, главниот економист на Никредити, Торе Страмер.

Негативните камати, коинцидирале со траен раст на запосленоста и што е поважно со процут на станбениот пазар, рекол тој, додавајќи дека банките се воздржале од воведување на негативните камати за граѓаните.

Стармер проценува дека ако вкупниот износ на заштеди се подели по бројот на жители, секој маж, жена, дете и новороденче во Данска имаат заштедено по 21.000 долари.

Инаку, иако една од најдемократските држави во светот и земја во која социјалната сигурност и правда се врвен приоритет, Данска е монархија и на хартија изгледа како држава уредена според правила од пред сто години, формално под власт на кралот и пратениите.

Данска по своето државно уредување претставува уставна монархија од 1849 година. Монархот е формално на чело на државата бидејќи извршната власт е во рацете на министрите. Законодавната власт ја сочинуваат владата и парламентот (познат како Фолкетинг) кои се состојат од 179 членови. Данското судство функционира независно од законодавната власт. Парламентарни избори се одржуваат на секои четири години, но премиерот има право да побара предвремени избори.

Во принцип, Данците не се многу религиозни, а како факт се зима премалата посетеност на црквата од страна на населението. Според податоци од 2005 година извршени од страна на Зукермен, Данска е третата земја во Европа со највисок процент на атеисти највисок процент на атеисти, кој процент се движи помеѓу 43% и 80%. Според друго истражување, онаа на Евробарометар од 2005 година, 31% од граѓаните на Данска одговориле дека "тие веруваат во Бог". Иако Божик се смета за дански празник, истиот главно произлегува најверојатно од нејзините културни традиции.

До крајот на 2007 година, 82,1% биле членови на Евангелска Лутеранска црква, чиј процент во 2008 година се намалил на 81,5%. Сепак, овој податок е сличен и кај останатите земји од Скандинавија, северозападна Европа и Британија.

Според Одделението за проучување на религијата на Универзитетот во Орхус, Данска, исто така, постојат околу 20.000 верници на будизмот во Данска а вкупниот процент на муслимани во Данска е околу 3.7%.

Поврзани

Најнови вести

Коментари