Ниту 21-от век нема одговор за ова

Во лондонски луксузен хотел со 5 ѕвезди постои мистериозна соба 333, тука никој не смее да преспие, еве зошто...

Чудо во Лондон, ниту во 21-от век се уште нема одговор за него

Лондонски Лангам е еден од најпознатите хотели со пет ѕвезди во Велика Британија. Меѓутоа, позади тој луксуз се крие мрачно минато, а посебно е застрашувачка една соба и тоа 333.

Хотелот почнал со работа во 1865 година и нудел 500 соби и апартмани, Во него престојувале многу познати личности како што се Марк Твен или Оскар Вајлд.

Сепак, се чини дека покрај редовни гости тука понекогаш престојуваат и духови, особено викторијански господин со побелена коса, еден германски принц, повредени, батлер или многу други кои се вели дека ги прогонува гостите во хотелот.

Со децении се прераскажува страштната приказна за викторијанскиот доктор кој во овој хотел ја убил својата жена додека биле на меден месец и потоа извршил самоубиство. Оние кои што го виделе тврдат дека носи долг капут и машна, а посебно се страшни неговите испакнати очи.

Тука е и германскиот принц кој скокнал од 4 –ти спрат (најчесто го гледаат во утринските часови), маж со голема рана на лицето (најчесто лута по ходниците), владетелот Наполеон III (го преферира подрумот), батлер кој се шета по ходниците во чорапи итн.

Сите всушност највеќе се плашат од собата 333 во која се случувало дух да прогонува гости за време на спиење, а една гостинка се пожалила дека духот толку многу и го тресел креветот што единствено решение било во истиот момент да го напушти хотелот.

Собата 333 привлекува многу новинари, писатели и ловци на духови и многу од нив сакале да си ја пробаат среќата и да преспијат овде и можеби да се сретнат со духот.

1973 година, новинар на BBC Џејмс Александер Гордон се решил на таков потфат н во текот на нокта го разбудила необична светлост која многу брзо формирала човечки облик.

Гордон тврди дека појавата левитирала над земјата и носела викторијанска облека. Кога ги раширила рацете и тргнала накај него, новинарот рипнал од креветот и побегнал од собата.

Дури и Стјуарт Броуд, играч на англиски крикет тим, имал необично искуство во собата 333.

„Беше толку топло што не можев да спијам. Одеднаш чешмата почна да тече. Го вклучив светлото и ја сопрев чешмата. Кога го изгасив свлетлото, водата повторно почна да тече. Беше многу чудно." рече Броуд.

Поврзани

Најнови вести

Коментари