Во Либија може да си купите човек за 700 евра

Аукционерот изговара: 800… 900… 1.000… 1.100… продадено за 1.200 либиски динари (нешто под 700 евра). Не станува збор за продажба на користени автомобили, земјиште или за мебел, туку за две човечки суштества. Во Либија може да се купат луѓе, особено мажи, подготвени за работа.

Десетици илјади луѓе секоја година ја минуваат границата со Либија. Тоа се главно бегалци од области зафатени од војна или економски мигранти кои се во потрага по подобар живот во Европа. Повеќето од нив продале сè што поседувале за да стигнат преку Либија до Европа.

Сепак, строгата контрола на либиската крајбрежна стража прави сè за помалку бродови да отпловат од Либија, така што бегалците остануваат во рацете на шверцерите. На тој начин, како што пишува Си-ен-ен, мигрантите и бегалците стануваат робови.

Навидум нормален град – децата си играат на улица, луѓето одат на работа, разговараат со пријателите, приготвуваат вечера за своите семејства… Но, исто така, има и аукции на робови, кои кога ги гледате прави да се чувствувате како да сте патувале назад во времето, само недостасуваат пранги околу зглобовите бегалците.

Од Си-ен-ен велат дека откако ја снимиле аукцијата, доказите им ги предале на либиските власти, кои ветиле дека ќе започнат истрага.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари