Во Европа тројно зголемен бројот на заболени од мали сипаници

Бројот на заболени од мали сипаници во Европа лани се зголеми во однос на претходната година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Европскиот центар предупреди дека и понатаму се појавуваат нови случаи бидејќи нивото на имунизација е ниско. Повеќе од 14.400 случаи се пријавени во 30 земји лани во споредба со 4.600 заболени претходната година.

Европските власти соопштија дека во Романија, Италија, Грција и во Германија владее епидемија на мали сипаници.

Од 2016 година регистрирани се 50 смртни случаи поврзани со малите сипаници. Сериозни компликации се случуваат главно кај децата под пет години, па затоа властите апелираат дека е пожелна висока стапка на вакцинација од најмалку 95 проценти.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари