Во Брисел 50 илјади луѓе маршираа за поддршка на Пучдемон

Речиси 50.000 луѓе учествуваа во Брисел на марш за поддршка на независноста на Каталонија и поранешниот каталонски лидер, Карлес Пучдемон.

Учесниците на маршот очекуваа и обраќање од Пучдемон и извикуваа „Пучдемон, претседател“.

Некои од присутните носеа и транспаренти со слика од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, со натпис: „Демократија? Некои ја бранат само кога им одговара. Срам да им е“.

Недалеку од местото каде што се одржаа демонстрациите се наоѓа канцеларијата на заменик-претседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, кој рекол дека атмосферата на демонстрациите е „многу позитивна“.

Тој истакна дека од гледна точка на Европската комисија нема да има промени во Каталонија.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари