Во Албанија запленети 10 тони дрога, опозицијата бара смена на Рама

Албанската полиција запленила десет тони марихуана во Валона со што продолжува серијата скандали кои сериозно ја тресат владата на Еди Рама, по што опозицијата побара негова смена.

Полицијата потврди дека запленила десет тони дрога, откако веста ја соопшти поранешниот премиер Сали Бериша, кој го обвини Еди Рама дека ги затвора очите пред трговијата со наркотици во Албанија.

Неколку луѓе се уапсени во текот на акцијата, но се очекува да има уште апсења, наведуваат албанските медиуми.

Во компликуваниот развој на ситуацијата по апсењата излегува дека полицијата без резултати веќе повеќе од една година води истрага за оваа група шверцери, но, како што пишува весникот „Шекули", изгледа дека шверцерите имале некој вид имунитет.

Скандалот во суштина изби откако италијанската полиција во една од своите многубројни акции за сузбивање на трговијата со дрога од Албанија во Италија го уапси Моси Хабити, балканскиот Пабло Ескобар, како што го нарекуваат албанските медиуми.

Веднаш по апсењето, Италијанците во Тирана испратиле документи и транскрипти на 400 страници од прислушувани разговори, од кои произлегува дека во целата игра биле вклучени и неколку блиски соработници на Рама, но и дека криминалците имале намера да ја финансираат кампањата на Тахири со 20 милиони евра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари