(Видео) Судири по одлуката на Трамп за Ерусалим, ракети го погодија појасот Газа

Две ракети попладнево беа испалени во правец кон Израел, а истите паднаа во појасот Газа, соопштија израелските власти.

Сирените за ракетен напад се огласиле во градот Ашкелон на југот на Израел. Ракетите се испалени додека траат нередите на Западниот брег, во источниот дел на Ерусалим и во Газа во знак на протест по соопштението на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека го признава Ерусалим како главен град на Израел.

Во Рамала израелските безбедносни сили користеле гумени куршуми и солзавец во судирите со Палестинците. Меѓу учесниците во протестот имало и жени и деца. На протестот било запалено американското знаме.

Гумени куршуми биле користени и во Витлеем. Хаос владее на улците во Ерусалим, во делот каде што живеат Палестинци. Досега е потврдено дека се повредени 43 луѓе.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари