(Видео) Пожарот во Калифорнија голта имоти и на богаташи

Голем пожар голта сè пред себе во Јужна Калифорнија. Од час на час, ситуацијата се влошува и на ново место се појавуваат разорни пламени јазици.

Над илјада луѓе се евакуирани, стотици домови се уништени, а пожарот се приближува и кон Лос Анџелес. Сликите и видеата објавени на социјалните мрежи најдобро ги доловуваат раземерите на оваа катастрофа.

Со камера од мобилен телефон направено е видео од обид за спасување на младенче од див зајак кое било заробено во пожарот.

Речиси е невозможно да се вози по некои од најфреквентните патишта бидејќи огнот е насекаде, поради што некои од нив се затворени.

Огнот ги зафати и лозовите насади на медиумскиот магнат Руперт Мардок.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари