Вонредна состојба во Калифорнија

ВИДEO: Огромен пожар во Калифорнија се шири и голта сè пред себе

Поради огромниот пожар, во Калифорнија е прогласена вонредна состојба во округот Вентура, а огнот се шири брзо и без престан, јавува "ABC News".

Огромниот шумски пожар досега проголтал 220 квадратни километри површина и уништил најмалку 180 структури, објавиле пожарникарите во округот Вентура.

Медиумите во вторникот објавиле дека една жена загинала во сообраќајна несреќа додека бегала од пожарот. Објавените снимки го прикажуваат огнот како ги уништува домовите во тоа подрачје.

Повеќе од 7.000 куќи биле евакуирани и околу 27.000 луѓе морале да побегнат од огнената стихија. Одреден е полициски час за жителите на кои им е наредено да останат на сигурно.

Гувернерот Џери Браун прогласил вонредна состојба поради пожарите и изјавил: "Огнот брзо се шири, но ќе продолжиме да се бориме со сите можни средства".

Поврзани

Најнови вести

Коментари