(Видео) Најмалку 20 ранети при напад во училиште во Флорида

Полицијата во Паркленд, Флорида, добила дојава за пукање во едно тамошно училиште. Пукањето се случило во средното училиште „Стоунмен Даглас“, само неколку минути по завршувањето на наставата, пишуваат американските медиуми.

Од канцеларијата на шерифот кратко изјавиле дека станува збор за инцидент кој и натаму трае.

„Има жртви“, навеле од канцеларијата. Оттаму додале дека напаѓачот сѐ уште е на слобода и ги повикале луѓето да ја избегнуваат оваа област. Според „Си-ен-ен“, повредени се најмалку 20 лица.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари