(Видео) Лувр Абу Даби – скапоцен камен на Блискиот Исток

По петгодишното одложување, делумно предизвикано од глобалната финансиска криза и паѓањето на цените на нафтата, Лувр Абу Даби неодамна ги отвори вратите за јавноста.

Заливската филијалата на познатиот Париски музеј првично беше закажана да се отвори во 2012 година, а потоа беше одложена за 2016 година. Конечно тој ги отвори вратите за посетителите на 11 ноември и е вистинска атракција.

„Лувр е скапоцен камен на Париз, поради што идејата е Лувр Абу Даби да го добие истото значење за овој дел на светот“, вели министерот за култура и развој на знаења на ОАЕ,  Нахјан бин Мубарак Ал Нахјан.

Дизајниран од познатиот архитект Жан Нувел во 2013 година, во вредност од 653.470.224 американски долари, во 2013 година, првата странска филијала на Лувр во Обединетите Арапски Емирати има значајна улога за уметноста на Блискиот Исток.

Музејот има 23 галерии, уредени во арапски стил, во кои се изложени над 600 експонати. Галеријата е сместена на речиси пустиот остров Садијат во близина на Абу Даби. Потпорниот плафон тежок 7.500 тони (има иста тежина како и Ајфеловата кула) , а се состои од осум геометриски форми градени во арапски стил.

Замислен е како патувачка купола, која ја осликуваат различни светлини и сенки. Музејот „Лувр Абу Даби“ се наоѓа на надморска висина од 40 метри, а куполата е на 36 метри над површината на земјата.

Наредната година во музејот е планирано да бидат прикажани 300 уметнички дела од 13  француски институции, како што се Лувр, Музејот на Орсеј и Центарот Помпиду во Париз.

Меѓу делата ќе бидат застапени и  Портретот на непознатата жена на Леонардо да Винчи, „Свети Лазар” на Клод Моне, како и делата на Анри Матис.

Исто така, ќе има четири привремени изложби во текот на целата година, од кои првата ќе се однесува на почетоците на Лувр во Париз од 17 век до 1793 година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари