ВИДЕО: Курдите се степаа на аеродром

По протестот на група Курди во Хановер, заради турската инвазија на Сирија, дојде до жестока тепачка меѓу нив и Турците кои чекаа да се чекираат на шалтер на аеродромот во Хановер.

Курдите упаднале во аеродромската зграда и почнале да скандираат ,,Ердоган е фашист". Турските патници одговориле со физички напади врз демонстрантите, по што настанала општа тепачка. Интервенирала германската полиција. Повредени се неколку лица.

Поврзани

Најнови вести

Коментари