(Видео) Дутерте: На жените бунтовнички пукајте им во вагините

Организациите за човекови права ја осудија изјавата на претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, кој рече дека војската треба да им пука во вагините на бунтовниците од женски род затоа што така ќе станат непотребни.

Како што пренесува „Гардијан“, Дутерте навел дека трупите би требало да им пукаат на бунтовничките во гениталиите затоа што без нив би биле бескорисни.

„Имате нова наредба од генералот. ‘Нема да ве убиеме. Само ќе ви пукаме во вагините, без нив ќе бидете бескорисни’“, рекол Дутерте обраќајки им се на поранешните комунистички бунтовници.

Организацијата „Хјуман рајт воч“ ја осуди изјавата наведувајќи дека ја охрабрува војската на сексуално насилство.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари