Вашингтон: Ова се условите за укинување на санкциите на Русија!

Еден од начините за подобрување на  односите е целосна имплементација на Минскиот договор...

Стејт департментот ќе ги укине санкциите за Русија, наметнати поради мешање во изборите во САД, ако таквото мешање на Москва престане, изјавила помошник американскиот државен секретар Кејтлин Кавалек.

"Тие санкции, кои се наметнати поради мешање во изборите, можат да бидат укинати ако видиме дека тоа мешање престанало. Важно е да се свати дека тие санкции не се санкции поради санкции. Тие санкции се воведени како одговр на онкретни акции на Русија за да пратат сигнал за неприфаќање на такви потези", рекла Кејтлин Кавалек, која го цитирала Амбасадорот на САД во Русија на заеднички Твитер.

Подобрување на руско – американските односи пред се ќе доппринесат во решавање на ситуацијата во Украина, рекла Кјтлин Квалек после посетата на Москва.

"Еден ос начините за подобрување на нашите односи е целосна имплементација на Минскиот договор", истакнала таа.
Таа смета дека тоа е областа во која Русија и САД мора да работат заедно "како би обезбедиле имплементација на Минскиот договор, кој претставува карта за пат кон постигнување на мир, ,прекинување на оружениот конфликт и враќање на луѓето во нормален живот, а како последица од тоа ќе дојде до подобрување на односите помеѓу Русија и Западот".

Администрацијата на претседателот Барак Обама кон крај на декември 2016 година усвоила пакет антируски санкции поради наводното "мешање во изборите" и "притисок на американските дипломати", кои работат вио Русија.

Русија во повеќе наврати ги отфрлаше обвинувањата дека влијаеле на избори во различни земји, а потпаролот на Кремљ Димитриј Песков ги нарекол "апсолутно неосновани".

Рускиот министер за надворешни работо Сергеј Лавров, зборувајќи за наводните мешања на Русија во изборите на САД, Франција, и Германија, рекол дека нема докази кои потврдуваат.

Претседателот на Русија Владимир Путин истакнал дека САД по цел свет се мешаат во туѓите надворешнополитички процеси, но затоа ја навредуваат Русија дека наводно се мешала во нивните избори, иако за Русија таквото мешање нама смисла.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари