Вака се лути Путин (ВИДЕО)

Од доаѓањето на Путин на власт, работите во Русија почнаа драстично да се менуваат. Русија почна да закрепнува и да се зајакнува на сите полиња, а пред се економски

Со години пред тоа Русија ја пљачкаа кој ќе стигне - чиновници, функционери, а најмногу тајкуните. Од тие години тајкуните станаа заштитен знак на Русија. Тие одлучуваа за се - ја водеа Русија и од неа го земаа сето богатство.

Од доаѓањето на Путин на власт, работите во Русија почнаа драстично да се менуваат. Русија почна да закрепнува и да се зајакнува на сите полиња, а пред се економски. Тој ги спушто на земја руските тајкуни и им покажа како еден премиер или претседател треба да разговара со нив. Им го оневозможи понатамошното неконтролирано збогатување, а нивното богатство го употреби за закрепнување на Русија и рускиот народ.

Еден од најпознатите тајкуни, Олег Дерипаска, и уште неколкумина купиле фабрика за симболична цена. Целта им била да ја згаснат за да излечат корист од тоа.

Работниците му пишале на Путин, го замолиле да им помогне, а овој свикал состанок со работниците, но и со новите сопственици.

Бесен, го започнал состанокот со зборовите: „Зошто ова не сте го решиле досега? Се разбегавте како бубашваби кога слушнавте дека идам!"

Пред сите буквално го натера Олег Дерипаска да отпише договор со кој фабриката почнува со работа онака како што предвидела владата.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари