БЕЗУСПЕШЕН ГРАБЕЖ ВО ПУЛА

Украле банкомат - налетале на полиција

Во петокот попладне во 17 часот, четворица ограбувачи украле банкомат на "Рафајзен банка" во месноста Бањоле недалеку од Пула. Откако го откорнале од лежиштето, избегале со претходно украденото комби со пулска регистрација. Меѓутоа, за нивна несреќа, возејќи по автопат налетале на полициска патрола, се испашиле, по што со комбито слетале од автопатот и удриле во ѕид. Уште повеќе исплашени почнале да бегаат, а едниот од крадците е фатен. Другите тројца избегале, но банкоматот останал во комбито. Според полициски извори, се чини дека банкоматот воопшто не ни бил отворен.

Поврзани

Најнови вести

Коментари