Уапсени три лица кои со возило сакале насилно да влезат во американската агенција за национална безбедност

Американските безбедносни служби привеле три лица кои се обиделе да влезат во комплексот на Агенцијата за национална безбедност (NSA) кај Вашингтон, а ФБИ соопшти дека нема индикации оти инцидентот бил поврзан со тероризам.

Приведените, кои не беа именувани, денеска наутро по локално време со црно теренско возило дошле пред влезот на агенцијата во Форт Мејд, Мериленд. Чуварите отвориле оган врз возилото, бидејќи безбедносните правила на NSA биле прекршени, изјавија официјални лица.

„Не постојат индикации дека се работи за нешто повеќе од изолиран инцидент“, изјави Гордон Џонсон, агент на ФБИ одговорен за областа Балтимор.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари