Тројца мртви и 48 повредени во сообраќајка на автомобил и автобус во Прага

Во тешка сообраќајна несреќа кај Прага, меѓуградски автобус по судар со автомобил се излизга на коловозот и удри во дрво, при што загинаа тројца луѓе, а повредени се 48 лица меѓу кои и деца.

„Се судрија шкода и автобус. Загина една жена од автомобилот и две лица од автобусот, меѓу кои и возачот. Причините за несреќата засега се непознати“, соопшти портпаролот на полицијата Моника Шиндлова.

Итната помош  веднаш пристигна на местото на несреќата со 11 екипи и специјално возило кое може да собере повеќе повредени, по што во медицинска установа беа задржани 19 лица.

Директорот на компанијата на автобусот изјави дека 40 годишниот возач кој загина во несреќата бил еден од најискусните и најисполнителните во претпријатието.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари