Утнала религија

Старица со години се молела на фигура од „Господар на прстените“

Една бабичка од Бразил последниве години и се молела на фигура на ликот Елронд од филмскиот серијал „Господар на прстените", мислејќи дека е станува збор за скултура на Свети Антонио од Падова.

Приказната прва на Фејсбук ја објави нејзината правнука, уметничката шминкерка Габриела Брандао. На прв поглед фигурата и нејзе и изгледала како светецот, но водена од интуиција, започнала да се распрашува и да истражува, па така открила дека се работи за негативецот од големите екрани, Елронд.

Како што и обично бидува, на луѓето не може туку-така да им се променат убедувањата, па бабичката и натаму одбива да верува дека всушност му се моли на сувенир од научно-фантастичниот филмски хит од пред 15-тина години.

Поврзани

Најнови вести

Коментари