Нобеловци до саудискиот крал:

Спречете ги егзекуциите на 14 млади лица!

Меѓу потписниците на писмото се поранешните претседатели на Полска, Јужноафриканската Република и Источен Тимор, Лех Валенса, Фредерик де Клерк и Жозе Рамош Орта и јужноафриканскиот борец против апартхејдот, Дезмонд Туту

Десетмина нобеловци апелираа до саудискиот крал Мохамед бил Салман да покаже милост и да го стопира егзекутирањето на 14 млади луѓе осудени на смртна казна поради учество во протестите во 2012 година.

Лауреатите во писмото доставено до Обединетите нации наведоа дека смртна казна е изречена за 14 припадници на шиитското малцинство на масовното судење, поради учество во протестите, кои саудиските власти ги окарактеризираа како „вооружен бунт".

Добитниците на Нобеловата награда исто така тврдат дека саудиските власти ги изнудиле нивните признанија и дека уапсените биле физички малтретирани.

Меѓу оние за кои е изречена оваа пресуда е и Муџтаба ал Свеикат, кој е уапсен пред да полета за САД заради школување на Универзитетот во Мичиген. За време на апсењето тој имал 18 години.

Меѓу потписниците на писмото се поранешните претседатели на Полска, Јужноафриканската Република и Источен Тимор, Лех Валенса, Фредерик де Клерк и Жозе Рамош Орта и јужноафриканскиот борец против апартхејдот, Дезмонд Туту.

Поврзани

Најнови вести

Коментари