Со експлозии по Путин: "Телефонски терористи удрија" по Москва!

Идентитетот на "телефонските терористи" не утврден а повиците стигнуваат од странство.

"Телефонски терористи" дојавиле дека се поставени 50 бомби во Санкт Петербург, како и дел од трасата по која поминува Владимир Путин, соопштил Кремљ.

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков рекол дека ниедна закана "не е потврдна" и не влијае на распоредот на Путин.

- Практично цел ден телефонските терористи продолжиле со својот обид од почетокот на утрото од 60 повици пријавиле поставување на 50 експлозивни направи во разни објекти, како и на трасата на претседателската колона -–рекол Песков.

Тој додал дека безбедносните служби извршиле неопходни проверки, и вложуваат "посебен напор да не се ремети нормалниот живот на граѓаните".

- Секако, овие повици не влијаеа на распоредот на претседателот – рекол Песков и додал дека идентитетот на "телефонските терористи" не утврден, а повиците стигаат од странство.
Како што рекол, во прашање е кривично дело и "порано или подоцна тие секако ќе бидат фатени".

Поврзани

Најнови вести

Коментари