Случајот „Навални против Русија“ пред Европскиот суд

Рускиот опозиционер Алексеј Навални се жали пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур на руските власти, тврдејќи дека во повеќе наврати биле прекрешни неговите права.

Судот минатата година пресуди дека апсењата на Навални во седум случаи биле незаконски и нареди Русија да му плати 63.000 евра отштета, но на таа одлука е вложена жалба.

Во тек е рочиштето, а конечна пресуда се очекува подоцна.

Навални сака да организира протести низ Русија, за да добие поддршка за повик на бојкот на претседателските избори на 18 март, бидејќи Централната изборна комисија ја одби неговата кандидатура поради една пресуда.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари